Испечати

Универзално тесто со тиква

Универзално тесто со тиква

Состојки

  • 550 гр. брашно
  • 20 гр. квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 150 гр. пасирана варена или печена тиква
  • 2 лажици зејтин
  • по 125 мл. млака вода и јогурт
  • Фил
  • 80-100 гр. маргарин
  • 1 жолчка
  • 150-200 гр. ронето или рендано сирење
  • За премачкување
  • 1 белка
  • 1 неполна лажица мајонез
  • за посипување
  • од око сусам, микс на семиња, само ким...

Подготовка

Велам универзално затоа што од него можете да правите лепчиња, кифли, погача, ...
 
Тесто
- Во малку млака вода растворете го квасецот со шеќерот и нека се активира.
- Во садот во кој месите ставете брашното, измешајте со солта, додадете ја пасираната тиква, со млака вода измешаниот јогурт, 1 лажица масло, додадете активираниот квасец, замесете меко тесто, домесете со остатокот од маслото. Оставете да стаса.
Фил
- Изматете маргаринот (путерот) со жолчката, додадете го сирењето, измешајте.
- Стасаното тесто расукајте го во не многу тенка правоаголна форма - ако ви е полесно поделете го тестото на два дела и расукајте две кори. Премачкајте со филот, замотајте во ролат. Сечете парчиња како сакате, прави, правоаголани... наредете во тава послана со хартија за печење, оставете да стаса.
Премачкување
- Со вилушка сматете ја белката, додадете неполна лажица мајонез, премачкајте го стасаното тесто. Посипете со сусам и ким или семе кое вие ќе сакате.
- Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени. Печено е кога ќе добие заруменета боја.
Напомена
- Можете секое исечено парче било право или во триаголник засебно да го печете, јас ставив во тавка едно до друго и ми излезе како погача.
Можете да го филувате и само кога ке сматите маргаринот со жолчката , премачкајте ја кората и врз неа ставете рендан кашкавал, димено месо, фил за пица... како сакате.
- На мене највкусни ми се овака како што ви ги преставив.
- Ставив печена тиква.
Рецептот е од Гога... јас само малку го адаптирав према мој вкус.
Уживајте.