Испечати

Рум баба

Рум баба

Состојки

  • за тесто
  • 500гр брашно
  • 4 јајца
  • 300мл млеко
  • 60мл масло
  • 14гр сув квасец
  • 2 лажици шеќер
  • малку сол
  • за сируп
  • 600мл вода
  • 300гр шеќер
  • 100мл рум(или екстракт од рум или друг ликер)

Подготовка

Ова е рецепт за љубителите на десерти со шербет. Овој десерт потекнува од Франција од 1725година а од 1835год се појавила идејата да се додаде и рум во сирупот. Доколку не ви се допага вкусот на рум во сирупот слободно можете да додадете само ванила.
Во топлото млеко се става квасецот и шеќерот и се остава 10мин да се запени. Потоа во брашното се додава млекото со квасецот, маслото, изматените јајца и малку сол. Се меша убаво со миксер и ќе добиете мазна, леплива еластична смеса и се остава 30мин.

Калапите за мафини се премачкуваат со путер. Во секое се става од смесата полни 2/3 да има простор да растат. Се оставаат убаво да нараснат околу 15мин. Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20мин додека не поруменат.

Во меѓувреме го спремаме сирупот. Ги ставаме шеќерот, водата, румот на оган да вријат околу 5мин. Испечените рум баба ги оставаме да се изладат, па ги пуштаме во топлиот шербет, да постојат околу 10мин. Потоа се редат во тавче во кое го додаваме шербетот. Од оваа смеса излегуваат околу 20 парчиња. Се украсуваат со слатка павлака и цреша или вишна. Може да се сечат насредина и да се премачкаат со слатка павлака.