Шпански крофни-Чурос, по рецепт на Џејми Оливер
Состојки
- За крофни
- 200 гр брашно
- 250 мл вода
- 75 гр путер
- 1/2 лажичка пециво
- 1 јајце
- За валкање
- кафеав ,цимет, шеќер во прав
- За топло чоколадо
- 175 мл вода
- 60 гр какао
- 5 лажици шеќер
- на врв на лажичка чили во прав
Подготовка
Прекрасен рецепт од врвниот кувар Џејми Оливер за шпански крофни со топло чоколадо. Направив мали измени во однос на количината на топло чоколадо, бидејќи за оваа доза на крофни доволно ни беше оваа доза на топло чоколадо. И Џејми ги прави како прачки, а јас си ги ставам со шприц бидејќи така ми е полесно и попрактично.
Подготовка
Водата ја ставаме да зоврие, ја тргаме на страна и го ставаме путерот да се стопи. Го ставаме брашното и промешуваме до изедначување на смесата, како топка од тестото треба да се направи. Ставаме јајце и мешаме до соединување. Го ставаме тестото во шприц со мал отвор и го пуштаме со должина од околу 10-12 см. во жешко масло(на околу 180 степени), околу 2 минути да се пржат.
Ги вадиме па ги валкаме во шеќер и цимет по вкус.
За топлото чоколадо го ставаме какаото во засладената вода што врие. Промешуваме додека врие, само не треба многу да врие. На крајот го додаваме чилито.
Забелешка
Откако се изладија секое посебно или пак по 2-3 ги ставав во кеса во која измешав шеќер и цимет. Некој ги сака со кристал шеќер, некој со шеќер во прав, некој без цимет, а јас ги сакам со се, па и на крај и со топлото чоколадо.
Мацкајте ги во чоколадото и уживајте во прекрасниот вкус!!!