Испечати

Смуди со свежа аронија

Смуди со свежа аронија

Состојки

  • 2 раце свежа аронија
  • 1 банана
  • 1 рака непечени бадеми
  • 5-6 листови нане
  • 1 круша
  • мед или агаве сируп по вкус

Подготовка

Утрото започнува со смуди, секој ден е со различен вкус, ама е квалитетно сомелено во фантастичниот Нутрибулет.

Сите состојки ги ставаме во големата чашка од Нутрибулетот и ги мелеме. Мелењето одзема најповеќе 1/2 минута време дури и помалку, се работи во секунди. Ако имате цврсти состојки како во овој случај, направете еден прекин, проматкајте ја чашката кратко и продолжете со мелењето.
На чашката има ограничување колку треба да се полни. Не претерувајте со вода, најдобро е на крајот да си додадете по вкус и желба, ама сепак на почетокот да има доволно за да се смелат убаво состојките.
Во оваа доза воопшто не додадов никаков засладувач, сладоста на крушата и бананата ми беа доволни. Вие ставете си по вкус и желба. Пијте го во наредните 30 минути до 1 час, постепено, дозволете му на организмот да ги апсорбира состојките што му се потребни.

Многу повеќе време одзема пишувањето на рецептот отколку подготовката на еден ваков енергетски напиток, кој комплетно го заменува класичниот појадок.