Полнето ќофте прелиено со сос од печурки
Состојки
- За ќофте
- 500 гр мешано мелено месо
- 1 главица кромид
- 1 кесичка фант за ќофтиња
- 1 лажичка буковец
- 1/2 лажичка бибер
- 1/2 лажичка сушен магдонос
- други зачини по желба и вкус
- 125 гр моцарела сирење за полнење
- За сос
- 1 кесичка фант сос од печурки
- За гарнир
- 4-6 компири
- 1 лажица мешан сув зачин
Подготовка
Одлично направена комбинација, констатирано според празните тањири до измакување и по гласните коментари околу вкусните ќофтиња прелиени со фантастичниот сос од печурки.
Подготовка
1. Кромидот го мелеме во нутрибулет или друго сечко, па го ставаме во меленото месо. Фантот за ќофтиња го раствораме по упатството и го ставаме во меленото месо. Ја соединуваме смесата и ставаме дополнително зачини по желба и вкус, јас ставам сушен магдонос, бибер и букова сол.
2. Моцарелата ја сечкаме на парчиња кои треба да бидат помали од ќофтињата. Го расплескуваме месото , ставаме парче моцарела, го покриваме пак со месо, го формираме секое ќофте и ќофтињата ги печеме во грил тава.
3. Компирите ги лупиме и ги рендаме на крупната страна на рендето. Ги зачинуваме по желба. Загреваме многу малку масло и го ставаме ренданиот компир. Го пржиме на едната страна, па го превртуваме и на другата. Така и со останатиот рендан компир, зависи колкава површина сакате да имате компир за гарнир на тањирот.
4. Сосот од печурки го подготвуваме според упатството на кесичката.
Забелешка
Компирот го пржев во малата воk тава на делимано, која не лепи, па така ставете малку повеќе масло ако пржите во друга тава. Обично еден компир со средна големина му доаѓа како гарнир во еден тањир.