Пакетчиња од модри патлиџани со Фант сос од печурки
Состојки
- 2 поголеми модри патлиџани
- 2 домати
- кашкавал по потреба
- 1 кесичка Фант сос од печурки
- 300 гр шампињони
- масло за пржење
- 300 мл млака вода (за сосот)
Подготовка
Модрите патлиџани ги миеме, им ги отстрануваме дршките и ги сечеме на долгнавести ленти, без да ги лупиме. На масло ги пржиме и ги вадиме на салфетки да го впијат вишокот масло.
Огноотпорниот сад го намрсуваме со малку масло. Земаме една лента од модрите патлиџани и на половината ставаме по едно парче домат и кашкавал и го преклопуваме како пакетче. Пакетчињата ги редиме во садот со отворот надолу, така што секое наредно ќе го преклопува до пола претходното пакетче.
Во тава на оган без масло ги динстаме шампињоните додека не испари вишокот течност и во нив го тураме Фант сосот од печурки, растворен во 300 мл млака вода и чекаме да проврие и да се згусне, па го тураме врз модрите патлиџани и над него рендаме кашкавал.
Садот го ставаме во претходно загреана рерна на 200 степени и печеме околу 15 мин, додека да се стопи кашкавалот. Сервираме со парчиња сирење и кисела павлака.