Испечати

Мармалад од рерна (дуњи и јаболка)

Мармалад од рерна (дуњи и јаболка)

Состојки

  • 5кг рендани дуњи
  • 2,5кг рендани јаболка
  • 2,5кг шеќер
  • 1 лажичка каранфилче

Подготовка

Дуњите се лупат и чистат, а потоа се рендаат на покрупната страна од рендето.Од 5 кг дуњи со се чистењето би требало да останат 4кг чисти дуњи. Јаболката исто се лупат и се рендаат на покрупно. Во подлабока шерпа се реди ред дуњи, над нив јаболка и шеќер. Постапката се повторува се додека се потроши зарзаватот. Дуњите се посуви,  јаболката ќе пуштат сок и мармаладот ќе се вари-пече во својот сок.
На почеток се става и 300-400мл вода и шерпата се покрива со фолија или со капак. Се става во рерна да се пече и одвреме на време се промешува.Се собира врело на врело.Се вари-пече до посакувана густина и на крај пред ваѓање се додава каранфилчето.Јас го користам овој мармалад обично за посни колачи и затоа го додавам каранфилчето да го збогати вкусот а вие како сакате-значи не мора не е обавезно.
Лесно се подготвува и додека се пече не мора постојано да висите над него и да мешате.