Бомбици со банана
Состојки
- 350гр мелени бисквити
- 50гр какао
- 200гр маргарин
- 350гр шеќер во прав
- 2 банани
- 100гр сецкано суво грозје
Подготовка
Бисквитите се мелат и се мешаат со шеќерот и какаото. Маргаринот се сече на помали парчиња и заедно со бананата се миксира. Со измиксаниот маргарин се замесуваат сувите состојки и се формираат бомбички по желба. Декорацијата по вкус. Брзи,едноставни.