Бушава Ката со кикирики
Состојки
- 300гр. брашно
- 1/2 прашок за пециво
- 100гр. путер
- 3 жолчки
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици кисела павлака
- прстофат сол
- за премачкување
- 4 лажици мармалад по желба
- Фил
- 3 белки
- 100гр. мелени печени кикирики
- 100гр. шеќер
Подготовка
Убав стар колач...малку именет изгледот е тој но вкусот со кикириките може да ве изненади.
Подготовка.
1.Од брашното,прашакот за пециво,путерот,жолчките,шеќерот,павлаката и солта замесете меко тесто и оставете нека одстои околу сат време во фрижидер.
2.Тестото поделете го на два дела.Првиот дел расукајте го со големина на тавчето
(јас ја печев во малата ростер тава),премачкајте го со мармалад.
Врз мармаладот ставете ги изматените белки заедно со шеќерот и печените мелени кикирики.
3.Врз филот на крупниот дел од рендето го рендаме вториот дел од тестото.
Вака подготвениот колач го печеме на 200степени околу 30 минути.
Забелешка
Колачот го служиме убаво изладен,посипуваме шеќер во прав.
Пред да го печам врз тестото кое го изрендав посолив и малку мелени печени кикирики.
Добар апетит!!!