Испечати

Рибник

Рибник

Состојки

  • 2 поголеми риби ослич (може и друга риба)
  • по вкус сол,мешан сув зачин
  • Тесто-
  • 500 г брашно
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 50 мл масло
  • по потреба млака вода
  • Црн пипер во зрно - за украс.

Подготовка

1. Во малку млака вода се раствараат квасецот, солта и шеќерот . И се става во топло место на 10 минути.
2. Во голем сад се замесува брашното со масло, стасаниот квасец и вода. Тестото треба да стаса во топло место.
3. Рибата се чисти и убаво се зачинува со вегета и со сол.
4. Стасаното тесто се дели на 2 дела. Од едниот дел се расукува овална кора и засекува од двете страни ребрасто. Во средина на кората се става рибата и одозгора се формира главата , па лентите се виткаат долж рибата и на крај се формира опашот и се декорира со мала вилушка. Со зрнца од црн пипер се прават очите на рибата.
5. Истата постапка се повторува и со вториот дел од тестото.
6. Формираните риби се ставаат во плех обложен со мрсна хартија и обилно се премачкуваат со масло. Рибниките се печат во загреана рерна на 200 степени 30 минути.