Испечати

Мусака од компир, модар патлиџан и пиперки

Мусака од компир, модар патлиџан и пиперки

Состојки

  • 500 гр мелено месо
  • 1 средна главица кромид
  • 1 кг компир
  • 1 среден модар патлиџан
  • 3 средни црвени пиперки
  • 3 средни зелени пиперки
  • 1 кесичка фант за шпагети болоњезе
  • 500 мл млака вода
  • 200 мл неутрална павлака
  • 200 мл ладна вода
  • 1 нецела лажица сол
  • 1 нецела лажица мешан зачин
  • по вкус мелен црн бибер
  • 8 лажици зејтин

Подготовка

1.Кромидот исечкајте го на ситни коцки и ставте го да се динста на среден оган со еден филџан вода и 5 лажици зејтин. Откако ќе испари течноста додајте го меленото месо и мешајте постојано дедека да се испржи месото.
2.Во еден сад ставте 500 мл млака вода и додајте го фантот и промешајте да се соединат.Смесата додајте ја во меленото месо и оставте да се приготвува 10 мин.
3.Компирот и модриот патлиџан излупете ги исечкајте го на тенки ленти.
4.Пиперките исчистете ги од семесто и исечете ги на кругови.
5.Оделно посолете ги сите со солта и мешаниот зачин.Значи солта и мешаниот зачин е за сите три зеленчуци но оделно посолени.
6.Во плех за печење ставете ги половина од лентите компири поредени подеднакво на целата површина.(слика 2-2).
7.Над компирот ставете ги лентите модар патлиџан.(слика 2-3).
8.Над модриот патлиџан ставте ги круговите пиперки.(слика 2-4).
9.Смесата од меленото месо и сосот од фантот распоредете ја подеднакво над пиперките (слика 3-1).
10.На крај ставте го над целата површина преостанатиот компир (слика3-2).
11.Неутралната павлака промешајте ја со 200мл вода и налејте ја над комприте.
12.Накапете со преостанатите 3 лажици зејтин и ставте ги во претходно загрена рерна на 200С 1 час (додека да добите златно кафеава боја).
13.Откако ќе бидат готови оставте ги малку да оладат па сервирајте по желба.Добар апетит.

Совет-Може наместо модар патлиџан да искоритите и тиквичка тоа е по ваша желба а се вклопува одлично и со тиквичка.Зачините се по желба може да додадете и некој друг зачин.За сервирајте искористите и кисела павлака одличен е вкусот...