Јагода торта
Состојки
- Пандишпан.
- 7 јајца
- 7 лажици шеќер
- 7 лажици брашно
- 1 пакетче пециво
- Фил
- 1 литар млеко
- 150 г густин
- 300 г шеќер
- 1 пакетче ванилин-шеќер
- 200 г путер
- 800 г јагодки
Подготовка
1. Фил. Млекото се вари, а во чинија се раствара со малку вода густинот. Откако млекото ќе зоврие се додава густинот и непрекинато се меша додека не се добие густа смеса. Потоа се додава ванилин-шеќер и шеќер и се меша за да се раствори. Филот треба да се излади.
2. Пандишпан. Јајцата се матат со миксер заедно со шеќерот 10-тина минути. Потоа полека се додава брашното и пецивото и полека се мати за да смесата се соедини.
Тестото се става во правоаголен плех обложен со пекарска хартија и се пече во загреана рерна 15 минути на 200 степени. Пандишпанот се лади 20-тина минути.
3. Путерот кој се растопи на собна температура се сецка на коцки и се микса заедно со филот.
Јагодките се мијат и се сецкаат на половинки.
4. Изладениот пандишпан се сече на 2 еднакви дела. И се филува така - Пандишпан + фил + јагодки + Пандишпан + фил +јагодки . Тортата треба да се излади.