Тортелини со сос од печурки
Состојки
- 250 гр. тортелини со фил од сирење
- 100 гр. чадена сланина
- 1 кесичка Фант сос од печурки + 300 мл. млака вода
- 1 јајце
- 2 лажици кисела павлака
- 1 лажичка мешан сув зачин
- 1 лажица магдонос (исечкан)
Подготовка
Брз, едноставен и вкусен оброк, неодолив за љубителите на вкусот на печурки, сирење и сланина. Бидејќи брзо се подготвува, згодно да се изненадат драги гости.
Подготовката на овој мој уште еден спонтано и успешно создаден оброк е следна:
1. Тортелините се варат 14-16 минути во посолена вода што врие, повремено се мешаат и се оставаат да се цедат.
2. Сланината се сечи на коцкички и се пропржува малку.
3. Со жица за матење се мати јајцето, се додава киселата павлака, мешаниот сув зачин и магдоносот и со матење смесата убаво се изедначува.
4. Во сланината се ставаат исцедените тортелини, на тивко се запржуваат малку со мешање, а потоа се додава претходно изматената смеса од јајце и павлака. Сето се пржи додека не се испржи јајцето. Се става во соодветен сад за сервирање.
5. Содржината од вреќичката Фант сос од печурки се истура во 300 мл. млака вода и се меша со маталка додека сосот не зоврие. Се вари на тивок оган 5 минути со непрекинато мешање. Подготвениот сос се полева врз претходно подготвените тортелини, се украсува со магдонос и се служи топло.
Бидејќи во тортелините има сирење, сосот од печурки има соодветна количина сол и зачини, во јадењето не ставив сол. Според вкусот може да се додадат и други додатоци по желба.
На здравје!