Мини тарт со лимета и меренг
Состојки
- Тесто
- 120 гр путер
- 100 гр шеќер
- 1 јајце
- 250 гр бело брашно
- 1/2 мало лажиче Сол
- Крем полнеж
- 75 гр нишесте
- 200 гр шеќер
- 125 мл. сок од лимета
- 300 мл. вода
- 2 мало лажиче рендана кора од лимета
- 3 жолчки
- 60 гр путер
- По желба малку зелена боја
- Меренг
- 3 белки
- 100 гр шеќер во прав
- Прстофат сол
Подготовка
Прво се подготвува тестото.
Во еден сад се става брашното, солта и шеќерот се додаваат путерот кој што е на собна температура и едното јајце, се замесува тесто и се остава во фрижидер за половина час-тестото да одмори.
За филот во едно тенџере се ставаат сите состојки без жолчките и путерот, тенџерето се става на оган и се вари крем. Пред крајот на варењето се додаваат жолчките и се тргнува од оган потоа се додава путерот и малку зелена боја, кремот се остава да се излади.
Од тестото се става во калапчиња за мини тарт или во една голем калап за тарт и се надупчува со вилушка, корите за тарт се печат на 180-200 степени. Готовите кори се оставаат да изладат потоа се полнат со кремот.
Белките се бијат на снег заедно со шеќерот и прстофат сол, се додаваат над кремот и со обратната страна на лажицата се формираат врвчиња од белка кои потоа се горат со кујнска горелка.