Печени пиперки во кисело млеко/павлака
Состојки
- 400 гр кисело млеко или кисела павлака
- 1 рамно лажиче винска киселина
- 1 лажиче зелено песто на Џејми Оливер
- 1/2 лажиче мешавина италијански зачини
- 1 чајно лажиче сенф во прав
- 1/2 лажиче сол
- прстофат шеќер
- 3-4 лажици маслиново масло
- 2-3 чешниња лук
- малку магдонос за декорација
- 10на пиперки
Подготовка
Пиперките испечете и излупете ги. Потоа искинете ги на поситни парчиња. 2-3 оставете цели за декорација. Додадете ја во нив киселината, 1-2 лажици масло, пресованиот лук, посолете и убаво измешајте. Посебно измешајте го киселото млеко со пестото и останатите состојки, па на крај се заедно со пиперките. Одозгора благо размешајте уште една лажица маслиново масло, вметнете ги целите пиперки со се рачки и декорирајте уште со ситни сечкан лук на ливчиња и сечкан магдонос.
Количината на пиперки можи да варира од наведената бројка во зависност од големината и сортата. Можат да се користат било каква сорта на пиперки, а оној кој сака луто да си направи со лути. Всушност, можи да си додадете по желба сечкани пиперки и сами да си одредите колкав сооднос би сакале спрема сосот да доминираат (потечно или погусто). Исто така мала разлика има и густината доколку се користи кисела павлака наместо кисело млеко, што секако зависи од вкусот и желбата на конзументите.