Испечати

Шпецли (Германски тестенини) со сирење

Шпецли (Германски тестенини) со сирење

Состојки

  • Тесто
  • 4 јајца
  • 400 гр. брашно
  • 100 мл. млеко
  • прстофат мускатно оревче
  • Додатоци
  • 250 г. ементал
  • 3-4 главици кромид
  • 60 г. путер
  • по потреба сол и црн бибер

Подготовка

Во еден сад се става брашното, млекото се замлачува и се додава на брашното, кон брашното се додаваат и јајцата и малку мускатно оревче. Од состојките се прави еластично тесто кое не може да се меси до раце.
Тестото се остава 10 минути да одмори.
Во тенџете се става вода и сол и се става на оган да зоврие.
Со лажица се зема од тестото и се става во преса за пире, тестото се пресова дирекно во врелата вода и се вари 15-ина минути.
Во едно тавче се става 30 г. од путерот и му се додава насечениот на танки полукругови кромид, се додава сол и црн бибер и се пржи.
Во друго тавче се ставаат останатите 30 г. путер се растопува се додаваат тестенините, а потоа и ренданиот ементал сето се промешува и се сервира, а најгоре се додава пржениот кромид.