Ајвар-пинџур
Состојки
- 40кг црвени пиперки
- 4кг морков
- 4кг модри домати
- 250гр сенф
- 150гр шеќер
- 3 лажици сол
- 2,5л зејтин
Подготовка
Пиперките се печат, лупат и чистат од семки. Модрите патлиџани се печат и се лупат. Морковот се вари се се меле. Модрите патлиџани најубаво се печат во рерна рамномерно и нема црнки.
Во шерпата кај што треба да се пржи ајварот се истура 2 л зејтин и се чека да се загрее. Над загреаниот зејтин се истура пиперот, патлиџанот и морковот и почнува да се пржи. Постојано се меша и се додава и преостанатиот зејтин.
Се пржи околу 4 часа и на крај се зачинува. Количината на шеќер и сол може да се прилагоди по свој вкус. Од како лажицата ќе почне да прави линија ајварот се собира врело на врело и се завиткува во ќебенце или се враќа во затоплената рерна додека убаво се олади.
Количината може да се прилагоди според потребите ама и така се прави за цела зима и не е многу. Излегуваат околу 15-17 тегли.
Ајварот е многу вкусен иако би можел и пинџур да се вика-барем така јас го слушав додека бев мала.