Испечати

Обланди со локум и урми

Обланди со локум и урми

Состојки

  • 1табла обланди
  • 900гр локум со ореви
  • 600гр урми
  • 200гр суво грозје
  • 100гр ситно сецкани ореви

Подготовка

Локумот се сецка на поситни парчиња и се става во подлабок сад на рингла. Се налева со 250мл вода и се загрева на потивко. Се меша постојано додека се растопи. Се додаваат урмите и се продолжува со мешање додека смесата се спои. Се додава и сувото грозје и оревите и се става да се олади. Сувото грозје претходно се чисти и се попарува со врела вода да одстои 10 минути. По желба во водата може да се стави и рум.
Се зема еден лист обланда и се става меѓу две салфетки влажни. Се редат и другите листови еден над друг и помеѓу нив влажни крпи. Од како ќе омекнат се зема листот од обланда се премачкува со фил по цела површина и со салфетката се свиткува ролна. Исто се постапува со сите 5 листа. Се остава да се спои убаво и потоа се сече на парчиња по потреба.