Видео рецепт: „Лења“ пита со јаболка
Состојки
- За ТЕСТО ќе ви треба:
- 250 гр. маргарин на собна температура
- 1 шолја шеќер
- 1/2 шолја сончогледово масло
- 1 шолја млеко
- 1 јајце
- 2 жолчки
- 1 прашок за печиво
- 800 гр. брашно
- Ќе ви треба и:
- 1,5 кг. кисели јаболка
- 1 шолја шеќер
- цимет по вкус
Фичо ќе ни покаже како да направиме едноставен и вкусен десерт, пита со јаболка, позната како „Лења пита“.
Подготовка
Чекор 1: Од состојките за тесто замесете тесто. Поделете го на два дела. Едниот дел расукајте го и распоредете го во Ростер тавата. Оставете го да се запече на 200 степени околу 10 минути. Се запекува за да фати кора и да не ја впие течноста од јаболката.
Чекор 2: Јаболките излупете ги и изрендајте ги, додадете го шеќерот и циметот и измешајте ги со раце.
Чекор 3: Изренданите јаболка наредете ги врз потпечената кора. Од второто тесто расукајте кора и прекријте ги јаболката.
Чекор 4: Печете 30 минути на 200 степени, или додека зарумени.
Чекор 5: Наросете со шеќер во прав и сервирајте!
СОВЕТ: Горната кора од тестото може и да ја изрендате, па така веќе добивате десерт познат како „Бушава Ката“.