Испечати

Салата со печени пиперки

Салата со печени пиперки

Состојки

  • 10 печени излупени пиперки
  • 200 гр. фета сирење
  • 3 варени јајца
  • 200 гр шунка
  • 200 гр. мајонез
  • по вкус сол. пипер

Подготовка

Рецептов за салата ми дојде добредојден, посебно овој период кога станов ми е полн со најавени и ненајавени гости, а испечени пиперки имам речиси во секое време. Убава е и вкусна и брзо се подготвува

Испечените пиперки исечете ги на потенки долгнавести лентички, а шунката на коцки. Ставете ги во подлабок сад. Во садот додајте го иситнетото фета сирење, и изренданите јајца. Посолете по вкус, додадете и малку црн пипер и на крај додајте го мајонезот. Промешајте со лажица додека салатата убаво да се изедначи и сервирајте и украсувајте по желба.

На здравје