Полнети кифли со месо - Kıymalı ay çöreği
Состојки
- 500 мл топло млеко
- 140 мл масло
- 10 лажици јогурт
- 2 белки
- 2 лажици шеќер
- 1 лажица сол
- 2 лажици винска киселина
- 2 пакетчиња сув квасец
- 1 кг и + брашно
- малку растопен маслац, маст, путер или маргарин за премачкување на корите
- фил
- 600 гр мелено месо
- 1 главица кромид
- 1 поголем варен компир
- сол, оригано, црн бибер, мешан сув зачин и масло
- по желба лута ситно сецкана или рендана пиперка
- за премачкување
- 2 жолчки
- 4 лажици масло
- сусам за посипување
Подготовка
Квасецот се меша со дел од шеќерот, мал дел од млекото и прстофат брашно и се остава 5 минути да се активира.
Во садот во кој ќе месите измешајте ги најпрво течните состојки за тестото, па додадете го останатите мешајќи, па квасецот и на крај постепено додавајте го брашното и замесете тесто. Покријте го и оставете го на топло да се дуплира.
За тоа време кратко пропржете го ситно исецканиот кромид, па додадете го меленото месо и зачинете. Откако ќе се издинста месото, додајте го компирот изрендан и тргнете ја тавата на страна да се лади.
Од тестото кинете парчиња со големина по желба. Можи да правите поголеми или класични помали кифлиња. Секое парче тенко расучете го на работната површина, премачкајте го со она што ќе изберите или имате по дома (путер,маст или маргарин), ставете на почетокот од филот и изролајте кифличка која благо ќе ја завиткате навнатре да дојди како полумесечинка. По правило краевите за овие кифли се поостри, но јас сакав рамномерно да ми се испечат кифличките без да имаат крцкавост на краевите.
Наредете ги во намрсен плех, премачкајте ја секоја со разматените жолчки и масло, поросете сусам и печете во загреана рерна од 200С околу 20 минути додека не добијат убава боја одозгора.