Испечати

Американски палачинки со домашно слатко од вишни

Американски палачинки со домашно слатко од вишни

Состојки

  • 1 јајце
  • 250мл. млеко
  • 220гр. брашно
  • 2 лажички шеќер
  • 1 ќесичка ванилен шеќер
  • 1/2 лажиче сол
  • на врв од нож сода бикарбона
  • 1/2 ќесичка прашок за пециво
  • 40-50гр. путер

Подготовка

На најмала брзина на миксерот изматете ги јајцето и млекото.
Потоа додадете го претходно растопениот и малку изладениот путер.
На ред се брашното, пецивото, сода бикарбоната, шеќерите и солта, па се добро соединете со миксер на најмала брзина.
Оставете да одстои смесата најмалку 30 мин..
Измешајте ја со лажица густата смеса и почнете со правење на палачинките-мали и дебели.Излевајте од смесата со помала кутлача (како онаа за сосови) на намрсена, загреана тава за палачинки. Печете на умерен оган. Кога ќе почнат да се прават меурчиња, со помош на шпатула превртете ги палачинките.

И на крај филовајте ги по ваша желба, со што ви душа сака, а јас овој пат тоа го направив со домашно слатко од вишни.
Секогаш правам двојна доза.

Уживајте!