Обарени пиперки во сенф
Состојки
- 1,5кг благи пиперки (капија)
- за обарување на пиперките
- 200мл. вода
- 200мл. оцет
- 200мл. масло за јадење
- пола лажица сол
- 1 голема лажица шеќер
- за сос од сенф
- 250мл. сенф
- 250мл. масло за јадење
Подготовка
Пиперките се чистат од семето, па се сецкаат на ситни коцкички.
За смесата за обарување сите состојки (водата, оцетот, зејтинот, шеќерот и солта) се ставаат на оган да зовријат.
Откако ќе почнат да вријат, се додаваат пиперките. Пиперките се обаруваат во течноста едно десетина минути или додека не омекнат убаво. Откако ќе омекнат со лажица решетка се ставаат со друг сад да се исушат и да се изладат.
Во меѓувреме со блендер (или доколку немате блендер со миксер) се мати сенфот
со маслото за јадење, при тоа што маслото постепено се додава, слично како кога правите домашен мајонез. Откако убаво ќе се измати и откако пиперките добро ќе се исушат и изладат, целата смеса се меша, да дојде како за салата.
Се збира во малечки тегли и убаво се нагмечува внатре, за да се исполни целата површина на теглите.
Се затвораат убаво и се чуваат на ладно место. Од оваа доза излегуваат околу 4 мали тегли.
Овој сос или салата, одлично оди со месо, скара или пак за оние љубителите на сенф - како вкусно мезе за со некој пијалок.
На здравје!