Испечати

Видео рецепт: Перфектен свински стек

Видео рецепт: Перфектен свински стек

Состојки

  • 4 парчиња свински стек
  • 1 ананас (или папаја)
  • масло за пржење
  • За салата ќе ви треба:
  • китка рукола
  • неколку смокви
  • 100 гр. сино сирење
  • сол, бибер и маслиново масло

Фичо пронајде начин како да подготви најмек свински стек, со овошна маринада.

Подготовка

Чекор 1: Во Нутрибулетот ставете го ананасот убаво да се испасира додека не стане каша. Доколку сакате можете да користите папаја, или и двете.

Чекор 2: Со четче премачкајте го месото и оставете го да се маринира. Најдобро е преку ноќ или најмалку 6 часа.

Чекор 3: Во Грил тавата ставете малку масло и оставете да се загрее на средна температура. Месото вртете го почесто за да не се исуши. Процесот не треба да трае подолго од 15 минути. Готовите стекови посолете ги, ставете ги на даска и прекријте ги со алуминиумска фолија.

Чекор 4: Направете салата по желба. Фичо ќе направи салата од рукола, смокви и сино сирење.

Чекор 5: Сервирајте!

СОВЕТ: Нека не ве плаши овошјето за маринада, вкусот не се чувствува кога ќе се испече месото.