Испечати

Најбрз ајвар

Најбрз ајвар

Состојки

  • 15 кг пиперки (не мора да се капија црвени)
  • 1 чаша шеќер
  • 4 лажици јаболков оцет
  • 1 главица лук
  • 1 китка магденос
  • 1 л масло
  • пола чаша сол (може и помалку, подоцна се дотура по вкус)

Подготовка

Овој рецепт го добив од мојата баба. Се подготвува многу брзо и лесно, а од оваа доза ми испаднаа 10 тегли ајвар.
Најпрво пиперките се печат, се лупат и се оставаат преку ноќ да се исцеди водата од нив, која ќе ни треба за пржење на пиперките. Наредното утро пиперките се цепкаат или како во мојов случај се блендираат со блендер, а водата што ја пуштиле од претходната вечер, се собира и во шерпа се тура од таа вода 3 ипол чаши, се додава оцетот, шеќерот, маслото (800 мл-ако треба подоцна се додава и остатокот), солта, магденосот и лукчето исецкани на ситно и оставаме да зоврие. Во зовриената смеса се додаваат пиперките и пржиме 30-45 минути. Се собира жешко во топли тегли и се оставаат во загреана рерна неколку часа да се вакумираат убаво. За вкусот оставам сами да се уверите.