Испечати

Солена торта од кори

Солена торта од кори

Состојки

  • 400 гр кори (јуфки)
  • 1 кесичка Фант Сос од печурки
  • 300 гр печено свинско месо
  • 150 гр кашкавал или биено сирење

Подготовка

1. Корите ги вариме во солена вода. Откако ќе се сварат ги цедиме.
2. Претходно испеченото свинско месо го сецкаме на ситни коцки.
3. Во 300 мл млака вода го тураме фант сосот од печурки, мешаме со жица додека не се раствори содржината. Откако ќе зоврие вариме уште 5 минути со непрекинато мешање.
4. Во сосот го додаваме месото и вариме уште кратко време.
5. Во огноотпорен сад кој го премачкуваме со путер ставаме половина од корите. Врз нив го ставаме сосот и на крај останатите кори. Врз садот ставаме капак и печиме на 200 степени 35 минути, потоа уште 10 минути без капак.
6. Врз корите ставаме рендан кашкавал или рендано биено сирење и печиме додека да се растопи.