Лазањи со болоњезе сос и павлака
Состојки
- 500 гр лазањи
- 2 паковки фант сос за болоњезе
- 400 гр мелено месо свинско
- 1 гранче рузмарин
- 2 конзервички доматно пире -400 гр една конзерва
- 800мл вода
- 1 главица кромид
- 100 мл масло
- 100 гр печурки шампињони
- 3 јајца
- 1 паковка од 250 мл павлака
Подготовка
Во загреано масло го пропржуваме пасираниот кромид.
Го додваме меленото месо и пржиме на тивка температура.
Ги додаваме рузмарин и печурките.
Откако добро го пропрживме месото, го додаваме доматното пире.
Оставаме 5 минути да крчка на потивко.
Во сад ги разматуваме фант сосовите за болоњезе, заедно со 800 мл вода и откако се добро размешани ги додаваме во садот на оган.
Мешаме и оставаме да покрчкаат.
Во тавата нанесуваме дел од филов ,а потоа ги редиме лазањите.
Ред лазањи ред фил.
Тавата оди на печење во загреана рерна.
Пред крајот се мати павлаката со јајцата и се полева врз лазањите.
Оставете уште 5 минути во рерна, а потоа насладете се добро со вкусотијата.
На здравје