Испечати

Паприкаш со мали ќофтенца

Паприкаш со мали ќофтенца

Состојки

  • 1 црвен кромид
  • 1 лута зелена пиперка
  • 2 црвени пиперки капија
  • масло, сол, бибер, зачин, магдонос,целер, 2 црвени домати
  • за ќофтенца
  • 300гр мешано мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 парче двопек
  • 1 мала главица сецкан кромид
  • сол, бибер, зачин, магдонос, масло

Подготовка

Вкусен ручек.
Прво се замесува смесата за ќофтенцата за да се спојат вкусовите.
Парчето двопек се натопува со вода да омекни, па се цеди и се соединува со кромидот, јајцето зачините, месото.
На загреано масло се пропржува главицата црвен кромид.Нека застакли па се додаваат сецканите пиперки.
Нека пржи 10 минути.
Потоа се додаваат 2 излупени црвени домати.
Нека динстаат на тивко. Се зачинува.
За тоа време се пржат малите ќофтенца.
Пред крај се додаваат испржените ќофтенца да се спојат вкусовите.
До колку сметате дека треба водичка, ако сакате пиперките потполно да омекнат, додадете 70 мл и нека крчка уште 10 минути.
Се сервира со обарен компир или ориз.