Испечати

Свински кременадли печени на грил тава

Свински кременадли печени на грил тава

Состојки

  • 4 свински кременадли, без коска
  • зачини
  • за прилог од компири
  • 1кг компир
  • по потреба сусам, сол и бибер

Подготовка

Во овие врнежливи денови, не ви треба да имате сонце и мирен ден, бидејќи скарата лесно се припрема и дома - на грил тавата.
Вкусен и едноставен ручек како за викенд.
Најпрво кременадлите ги толчиме со чекан. Доколку се големи парчињата ги засекуваме на помали. Се посолуваат, им се ставаат и зачините и на крај се премачкуваат со сенф, па се оставаат да отстојат малку.
Додека кременадлите се маринираат, се припрема и компирот.
Најпрво компирот се лупи, па го сечете на покрупни парчиња. Во тенџере на оган се налева вода и вода неа се става сол по вкус. Откако водата ќе почне да врие во тенџерето ги додавате компирите и ги варите од 7-8 минути, па ги прецедувате од водата.
Рерната се загрева на 200 степени.
Во тавичка го истурате компирот, додавате околу една чаша вода, па попрскувате со масло за јадење. Се посолуваат компирите, па се забиберуваат и се наросуваат со сусам. Се печат околу 40мин, до еден час...
За тоа време повторно се враќате на кременадлите и ги ставате на грил тавата убаво да се заруменат. Од време на време попрскувајте со масло за јадење, за кременадлите да бидат сочни.