Кох од ориз
Состојки
- за сутлијаш
- 250гр ориз
- 500мл вода
- 500мл млеко
- за тесто
- 5 жолчки + 5лажици шеќер
- 5 белки + 3 лажици шеќер
- 50гр. суво грозје
- за прелив
- 500мл млеко
- 5 лажици шеќер
Подготовка
Сочен и вкусен колач, со многу малку состојки во него, а и ептен брз за подготовка...
Најпрво се припрема сутлијашот. Во касерола на оган се истура млекото и водата и се додава една лажица путер. Откако путерот ќе се растопи се става претходно исчистениот ориз. Сутлијашот се вари на ниска температура, се додека не се згусне убаво. При крајот на варењето се додава и една лажичка екстракт од ванила. Се остава да се поизлади малку.
Во меѓувреме се вклучува рерната да се загрева на 150степени.
Додека се лади оризот, се матат со миксер 5 жолчки со 5 лажици шеќер се додека не се стопи шеќерот. Жолчките потоа се додаваат во оризот и убаво се меша целата смеса со лажица. Се додава и сувото грозје.
На крај се матат, 5те белки со 3 лажици шеќер и откако ќе се направи густа шампа и шампата се истура во садот со оризот и жолчки. Се меша уште еднаш убаво со лажица и се истура во подмачкана со маргарин тавичка.
Кохот се печи околу 30мин на 150 степени.
За преливот се ставаат 5 лажици шеќер да се растопат како за карамел. Откако ќе се растопи во тоа се налева млекото и се меша се додека не се растопи убаво карамелизираниот шеќер. Се остава да се излади.
Потоа, испечениот кох се остава малку да се излади и се налева со ладниот карамел прелив.
Се остава кохот да го впие млекото, па се сечи на големи коцки. Од горе може да украсите со било што, во мојот случај јас украсив со плави трошки :)
На здравје!