Испечати

Бељуш

Бељуш

Состојки

  • тесто
  • 600гр брашно
  • 1лажиче сол
  • 1/2лажиче шеќер
  • 2 лажици масло
  • 20гр свеж кавасец
  • 350мл млака вода
  • фил
  • 2 страка сецкан праз
  • 2 лажици масло
  • 300гр сирење или урда
  • 1 лажиче сол
  • 1/4 лажиче бибер
  • 3 лажици кисело млеко
  • 1 лажица гриз
  • 1/2 лажица брашно
  • 2 јајца

Подготовка

Многу мека вкусна погачка, која се прави во некои делови на Србија.
Прво во млаката вода се ставаат квасецот, шеќерот и малку брашно.
Убаво се промешува и нека се активира квасецот.
Потоа со сите останати состојки се замесува тесто понамеко.
Се покрива со чиста крпа и кисни 30 минути.
За тоа време се припрема филот.
На загреано масло се пропржува празот благо да зарумени.
Се трга од оган, се зачинува, па се додаават останатите состојки за фил.
Убаво се соединува.
Сега од втасаното тесто се прават 4 топчиња.
Се расукуваат 3 со големина на кората каде ке се печи ( одговара бр 26)Јас денес правев пола доза и печев во округла силиконска тава на Делимано.
На намастено тавче се става првата кора која е со дебелина од 5 мм.
Врз неа се става половина од филот.
Врз филот се става втората кора, па останатата количина фил.
Се поклопува со третата кора.
Од четвртото топче , се дели на дела и се формираат долги ремени кои меѓу себе се исплетуваат.
Со овие ремени се оквирува тавчето.
Кисни 10 минути и се печи на 200 степени околу 30 минути.
Испечено се премачкува со малку масло.
Се сервира со јогурт или кисело млеко.