Мешан мармалад од 8 овошја
Состојки
- 250 гр јаболки
- 250 гр сливи
- 250 гр круши
- 250 гр смокви
- 250 гр праски
- 250 гр црно грозје
- 250 гр домати
- 1 лимон
- 500 гр шеќер
Подготовка
Јаболката, крушите, праските и доматите излупете ги. Покрупните парчиња овошје исечете ги на помали парчиња, но не многу ситно. На пр. крушите и праските на 1/4, смоквите на 1/2. Лимонот излупете го и исечкајте го, а ако имате домашен не прскан лимон ставете ја и кората.
Се ставете во тенџере, додадете го шеќерот и варете околу 30-45 минути. Потоа иситнете ги парчињата со рачен блендер и варете додека не ја добиете саканата густина. Соберете го мармаладот во топли тегли, затворете ги и превртете ги со капачињата надолу.
Сите овошја се мерени исчистени.