Испечати

Караѓорѓева шницла од компири

Караѓорѓева шницла од компири

Состојки

  • 4 компири
  • 100гр. кајмак
  • 2 јајца
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици презла
  • по вкус сол, мешан сув зеленчук и мелен црн пипер
  • по потреба масло за пржење

Подготовка

Компирите измиени, излупени се ставаат да се варат како за пире. Штом зовријат им се додава сол. Кога се варени им се истура водата и со алатка се пасираат.
Им се додаваат останатите состојки.
Се убаво се меша и изедначува.
На малку намрсена алу фолија се става од смесата и се тенчи како за плескавица.
На средина се става од кајмакот.Лесно се обликова во ролат со помош на фолијата за да се добие облик на Караѓорѓева шницла.
Кога се направени сите 4, се пржат во длабока загреана маснотија додека не поруменат.
На здравје!