Испечати

Пилешко бело месо во сос

Пилешко бело месо во сос

Состојки

  • 500-600гр. пилешко бело месо
  • 1 главица кромид
  • 1-2 лажици сенф
  • 200-300гр. чадена сланина
  • 200-300гр. маринирани шампињони
  • 1 лажица брашно
  • 1-2 ловорови листа
  • 200гр. кисела павлака
  • 200-300гр. кравски кашкавал
  • по вкус сол, мешан сув зеленчук и мелен црн пипер
  • малку масло
  • по потреба вода - околу 3 чаши

Подготовка

Мммм...вкусно... кажуваат моите деца кога го јадат ова...))))

Подготовката едноставна. 
Најпрво го сецкаме белото месо на покрупни коцки и му го додаваме сенфот, па зачинуваме со сол, мешан сув зеленчук и црна пипер и убаво го протриваме месото за подобро да се впијат зачините. Тука да напоменам да внимаваме на солта, бидејќи при крај се додава кашкавал, да не пресолиме.Вака зачинетото месо го оставаме на страна на ладно.
Потоа ситно го сецкаме кромидот, додека сланината ја сецкаме на ленти.Исто и печурките ако не се сецкани, ги сецкаме.
На малку масло го пропржуваме кромидот.
Потоа белото месо, штом побели и малку запржи, ја додаваме сланината, па по кратко време и печурките.
Кога убаво се пропржило сето ова, го додаваме брашното и на кратко пропржуваме.
Ја додаваме водата и ловоровите ливчиња.
Штом зоврие продолжуваме да готвиме на умерен оган, со малку отворен капак и повремени промешувања се додека месото не омекни.
Кога веќе е омекнато месото ја додаваме киселата павлака, убаво промешуваме да се изедначи во течноста.
Одма го додаваме и ренданиот кашкавал и оставаме на кратко да прокрчка сосот, додека се растопи истиот.
Прилог по ваш избор, а јас сервирав со Караѓорѓева од компир за која ќе следува рецепт.
Ммммм. На здравје!