Брзи банички со сирење
Состојки
- 500 гр. готови кори
- 600-700 мл. кисела вода
- 100 мл. масло
- 250-300 гр сирење
Подготовка
Во еден сад се ставаат киселата вода и маслото.
Се зема една кора и се прска со киселата вода. Потоа се зема друга кора која што се кини на мали парченца кои што се распоредуваат врз првата кора. Се става дел од сирењето изронето на ситно. Се зема уште една кора и се поставува одозгора и пак се прска со водата и маслото.
Така подготвена се завиткува во ролат, се сечи на парчиња се редат во подмачкана со масло тава, се става во загреана рерна на 200 степени за 30 минути.