Испечати

Брза пита со пармезан

Брза пита со пармезан

Состојки

  • 3 јајца
  • 200мл јогурт
  • 50мл масло
  • 30гр пармезан
  • 1 пециво
  • 2 средни компири
  • 1 морков
  • 1 рака магдонос
  • 1,5 чаши брашно
  • 40гр пармезан за одозгора

Подготовка

Вкусна, мека, брза пита.
Прво се матат јајцата со солта, па постепено се додаваат останатите состојки, јогурт,масло, сецкан морков, магдонос, рендан компир, пармезан, пециво, брашно.
Убаво се промешува и смесата се истура во мала ростер тава.Одозгора се наросуваат 40 гр пармезан.
се печи околу 30 минути на 190 степени.
Сечете на парчиња и со чаша јогурт уживајте во убавиот вкус.
Користена е чаша од 240 мл.