Мафини од готови кори
Состојки
- За 12 мафини ( 6 готови кори за пита )
- Премаз
- 150 мл кисела вода
- 35 мл масло
- 60 гр пченичен гриз
- 1/4 лажичка сол
- 1/4 лажичка пециво
- 75 мл брашно
- Фил ( по желба - јас овие ги правев посни со посна урда )
- масло за премачкување на калапчињата
- кашкавал за украсување
- семиња по желба за посипување
Подготовка
Многу брзи за подготовка, а вкусни, се топат во уста.
Се матат состојките за премазот со миксер. Модлите за мафини се премачкуваат со четка со малку масло. Корите се сечат надолжно на 3 ленти, а потоа секоја лента на 3 квадрати. Се зема едно квадратче се, премачкува со премазот и се става во модлата, а краевите да излегуваат надвор. Над него се ставаат уште 4 квадратчиња и сите се премачуваат, се ставаат во модлата со краевите надвор, а на последното се става и фил по желба и се затвораат краевите навнатре во модлата. Од кога сите ќе бидат подготвени се премачкуваат одозгора со премазот што ни останал, се става по една коцкичка кашкавал, се посипуваат со семиња по желба и се ставаат да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, додека не поруменат, околу 20 мин.
На здравје!