Салата во топчиња
Состојки
- 200 г ориз
- 1 конзерва туна
- 3 јајца
- 3-5 лажици мајонез
- пола китка магдонос
- 2 моркови
- по 1 лажичка сол, црн пипер
Подготовка
1. Јајцата и оризот се варат одделно.
2. Жолчките и белките се рендаат одделно.
3. Туната се пасира со вилушка, а магдоносот се сецка ситно.
4. Оризот, туната, белките, мајонезот,солта и пиперот се промешуваат.
5. Од салатата се прават топчиња. Еден дел од топчињата се валкаат во магдонос, друг дел во изренданиот морков, и третиот дел во изренданите жолчки.
На здравје!!!