Намаз од црн домат и крем сир
Состојки
- 1 печен црн домат
- 1 блага печена пиперка
- 1 лута печена пиперка
- 1 лажица мелен орев
- 100гр крем сир
- 1 лажица маслиново масло
- 1 рака сецкан магдонос
- сол, бибер по вкус
Подготовка
Преубава салата или намаз.
Прво црниот домат и пиперките се печат и се ставаат во најлонска кеса.
Нека се спурат, се лупат и се цедат од водата што ја пуштаат.
Во блендер или сецко на делимано се ставаат состојките, се миксираат 1-2 минути убаво да се соединат.
На крај се додава крем сирот и убаво се спојува.
Уживанција за на парче тост леб.