Раванија со јогурт
Состојки
- 3 јајца
- пола чаша шеќер
- 1 чаша (240мл) јогурт
- 1 чаша масло
- 1 чаша гриз
- 3 лажици брашно
- 1 ванила
- 1 пециво
- кора од лимон
- за сируп
- 1 и пол чаша шеќер
- 1 и пол чаша вода
- 1 ванила
- сок од пола лимон
Подготовка
Една од поубавите равании кои сум ги правела досега, превкусна, се топи во уста. Ова е раванија на турски начин. Рецептот го пронајдов на нет од еден познат турски готвач. Се вари прво сирупот бидејки треба да биде ладен.
Се матат убаво јајцата со шеќерот. Откако убаво ќе се изматат се додава јогуртот, маслото, а на крај и сувите состојки. Се става во тавче со димензии 32х28 или во тркалезно тавче бр 26-28. Се печи во загреана рерна на 175степени околу 25 мин. Се сечи на коцки и веднаш се додава сирупот. Се остава 1-2 часа убаво да излади и да го впие сирупот.