Испечати

Редена шарена тава

Редена шарена тава

Состојки

  • 600 гр свинско месо од бут
  • 4-5 компири
  • 3-4 моркови
  • 2 тиквички
  • 2-3 главици кромид
  • 100 мл вода
  • малку масло
  • по вкус сол и бибер

Подготовка

Целиот зеленчук исечете го на тенки парчиња со иста дебелина (околу 2 мм). Најдобро е тоа да го направите на ренде, но може и на рака. Месото исечкајте на го мали тенки парчиња.
Во тава почнете да ги редите под агол состојките по слоеви. Кај мене беше ред тиквички, ред моркови, ред кромид, ред месо, ред компири. Може да бидат вертикално поставени, но ако е тавата малку поголема тогаш ќе бидат малку полегнати.
Одозгора зачинете со сол и бибер, ставете малку масло и залијте со водата. Покријте ја тавата со капак или фолија и печете 1 час на 180 степени. Потоа отворете ја тавата и печете додека целата содржина не добие убава боја.

Пријатен апетит!