Испечати

Морков торта

Морков торта

Состојки

  • За кората
  • 250 мл. масло
  • 180 гр. кафен шеќер
  • 3 јајца
  • 1 ванила
  • 250 гр. брашно
  • 1 лажичка пециво
  • 1/3 лажичка сода бикарбона
  • 1/4 лажичка сол
  • 1 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка мускатно оревче
  • 1/2 лажичка мелен ѓумбир
  • 350 гр. рендан морков
  • 150 гр. ореви
  • Крем
  • 250 гр. крем сирење
  • 60 гр. шеќер во прав
  • 1-2 лажици сок од лимон
  • За посипување
  • 1 шака сецкани или толчени ореви

Подготовка

Љубител сум на ваквите колачи или торти. Подеднакво ги сакам и со тиквички и со моркови. Во врска со поставената тема, јас ја направив, а вие проследете го рецептот. Впечатоците ќе бидат воодушевувачки - почнувајки прво од аромата по кујната додека се печи, а после - после- јас знам колкава вкусотија е, оставам сега вие да кажете откако ќе ја спремите. Во дилема бев дали да напишам Торта или пак Колач.
Постапка
- Морковот изрендајте го. 
- Измешајте ги брашното, пецивото, содата и ароматните мелени состојки и сецканите или толчени ореви.
- Во сад за матење изматете ги јајцата и шеќерот, додадете го маслото и продолжете да матите додека се спојат состојките.
- Исклучете миксерот, додадете го брашното, со шпатула добро измешајте, додадете ги морковите и измешајте да добиете компактна смеса. Излијте ја во модла постелена со хартија за печење, а ѕидовите премачкајте со масло. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени. Нека се пече околу 50 мин. Извадете од рерна, ставете на решетка и дозволета да се олади.
Додека се лади вие ќе го спремите кремот кој е готов за чинам секунда време.
Крем
- Измешајте со миксер крем сирењето и шеќерот во прав, пробајте и овкусете додатно со исцеден сок од лимон 1 или 2 лажици. Доколку сметата дека не е потребно не мора да ставите.
- Оладената кора пресечете ја хоризонтално, половина од кремот ставете на едната кора, поклопете со другата, премачкајте со останатата половина, посипете со сецканите или толчени ореви.
Нека одстои неколку време као би се споиле кремот со корите, потоа ви предлагам само да уживате. Неверојатен вкус!
Напомена
- Модлата пожелно е да биде бр.20-21 см. Јас ја печев во 24 бидејки немав помала.
- Би ви предложила да навистина користите кафениот шеќер иако може и бел, но има разлика, а не ги изоставајте зачините, ако тоа го сторите нема да го добиете тој бајковит вкус кој потсетува на Божиќните празници.
- Морквот треба да биде рендан 350 гр. Јас еден дел изрендав на поедрата страна, а другиот дел на ситната страна.