Сладолед со моркови и ѓумбир
Состојки
- 500 гр. моркови
- 2 чаши слатка павлака
- 1 чаша млеко
- 3 жолчки
- 50 гр шеќер
- 50 гр мед
- 1 голема лажица ѓумбир (ако сакате може и повеќе)
- 2 ванилин шеќер
- 1/3 мало лажиче цимет
Подготовка
Морковите се варат и се блендираат.
Во еден сад се ставаат жолчките, шеќерот, медот, солта и ванилата и се матат (како за торта). На оган се става млекото и 1 чаша слатка павлака и се загрева, пред да зоврие се тргнува од оган, жолчките додаваат во млекото. Целата смеса се става на оган и се вари за да се добие крем, на кремот му се додава пирето од моркови, циметот и ситно ренданиот ѓумбир, смесата се вари уште неколку минути и се тргнува од оган.
На топлата смеса се додава уште едната чаша слатка павлака и се остава половина час да излади.
Смесата се става во кутија и се замрзнува.