Испечати

Салата од варени моркови (посно)

Салата од варени моркови (посно)

Состојки

  • 4 големи моркови
  • 1 чешне лук
  • 1 киска магдонос
  • 2 лажици суво грозје
  • 1 рака бадеми
  • сок од 1/2 лимон
  • 2 лажици маслиново масло
  • морска сол по вкус

Подготовка

Топло ви препорачувам да ја направите оваа салата бидејќи се прави брзо и лесно, посна е, здрава и доста вкусна. Посебно е интересен вкусот на сувото грозје во комбинација со варениот морков и другите состојки.

1. Морковите (поголеми), се чистат и се варат во посолена вода околу 15 минути односно малку да омекнат. Им се тура ладна вода да изладат, а штом изладат се бришат со хартија и во длабок сад се вадат лентички како нудли.
2. Во садот со морковите се додава:
- чешнето лук исечкано на ситно,
- магдоносот ситно исечкан,
- сувото грозје, бадемите, маслиновото масло, сокот од лимон и малку сол.
3. Се меша сето заедно и се ужива во ова богатство од витамини.

Морковите може да се изрендаат на јадрата страна на рендето доколку немате сечко за нудли или спирали.
Количината прилагодете ја по потреба, а може да се стават и други јаткасти плодови наместо бадеми.