Штрудла со сос од ванила
Состојки
- 500 г кори за пита
- 4 кисели јаболка
- 100 г шеќер
- 50 г суво грозје
- 50 г путер
- 100 мл вода
- 1 лимон
- 1 лажица рум
- 1 лажица екстракт од ванила
- 2 лажички цимет
- по потреба масло
- за сос
- 800 мл млеко
- 100 г шеќер
- 1 пудинг од ванила
- 1 лажица екстракт од ванила
Подготовка
1. Јаболката ги лупиме и ги сечкаме на тенки кришки. Лимонот го цедиме и со сокот ги преливаме јаболката.
2. Во тенџере го топиме путерот и ги ставаме јаболката да се пржат. Ги додаваме шеќерот, екстрактот од ванила, сувото грозје, циметот и водата, го покриваме тенџерето со капак и динстаме 15 минути. Во подизладениот фил го додаваме румот и промешуваме.
3. На масата една врз друга редиме 3 кори и сите ги попрскуваме со масло и нанесуваме 1/4 од филот. Ги свиткуваме краевите на корите кон внатрешноста и виткаме ролат. Го ставаме во плех намрсен со масло. На истиот начин подготвуваме уште 3 ролати и ги редиме во плехот. Ги премачкуваме со масло и ги засекуваме на парчиња. Печеме во загреана рерна на 180 степени 40 минути.
4. Сос. Во тенџере на оган ги ставаме сите состојките за сос и ги мешаме со жица. Откако сосот ќе ја добие потребната густина го тргаме на страна. Изладената штрудла по засеците ја сечеме на парчиња и ја преливаме со врелиот сос. Оставаме да го впие сосот и да се излади.