Густ сок од моркови, јаболка и тиква
Состојки
- 400гр моркови
- 1кг јаболка
- 400гр тиква
- 600-700гр шеќер
- 1 лимонтус или сок од 2 лимони
- 4 литри вода
Подготовка
Преубав густ сок кој децата го обожаваат. Лесно и брзо се прави.
Се варат посебно тиквата, морковите и јаболката.Течноста во која се вареле се цеди и се чува. Се блендираат додека не се добие убава мазна смеса. Во поголемо тенџере се става пирето од јаболка, моркови и тиква. Се додава и водата во која се вареле, се додава плус 4 л вода. Се додава и околу 600гр шеќер(по вкус ) и 1 лимонтус или сок од 2 лимони. Се вари околу 15тина минути. Се собира во стаклени шишиња. Од оваа доза се добива околу 5л густ сок