Видео рецепт: Панакота со круши
Состојки
- 1 шолја сок од круши
- 1 кесчка желатин
- 2 големи круши
- сок од половина лимон
- 1 шолја млеко
- 1 кесичка желатин
- 1/3 шолја шеќер
- малку сол
- екстракт од ванила
- 2 шолји крем павлака
Фичо ќе прави декоративен десерт со круши, мешавина од панакота и желе од круши.
Подготовка
Чекор 1: Во садот за сос ставете една шолја сок од круши и кесичка желатин. Оставете на страна да отстои 10 минути.
Чекор 2: Од крушите извадете го само месестиот дел без лушпи. Ставете ги во големата чаша од Нутрибулет и блендирајте.
Чекор 3: Загрејте го сокот од круши до пред зовривање. Додадете го пирето од круши и сокот од лимон. По желба додајте малку прехрамбена боја или куркума, за поинтензивна боја. Смесата сипете ја во чашите во кои што ќе служите и оставете ги во фрижидер околу 2 часа. Доколку сакате пократко, ставете ги во замрзнувач. Користете модли за мафини за да ги монтирате чашите.
Чекор 4: Во садот ставете го млекото, додадете го желатинот и ставете го на тивок оган 10 минути. Додадете го шеќерот и мешајте додека не се растопи. Додајте ги екстрактот од ванила и крем павлаката. Мешајте да се соединат убаво.
Чекор 5: Извадете ги чашите, наполнете ги со млечната смеса и вратете во фрижидер додека да се стегне желатинот.
Чекор 6: Декорирајте и сервирајте!
СОВЕТ: Наместо круши, може да користите друго овошје по желба, кое ви одговара со млечниот вкус на панакотата.