Испечати

Затворена пита со спанаќ

Затворена пита со спанаќ

Состојки

  • 500гр. пченично брашно
  • 50мл. масло
  • 250мл. јогурт или к.млеко
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажичка квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • фил
  • 500гр. спанаќ
  • 2-3 млади кромитчиња или еден страк праз
  • 2 јајца
  • 200гр. сирење или урда
  • малку масло за подмачкување и пржење и сусам

Подготовка

Подготовка.
1.Спанаќот убаво го миеме, сецкаме и во тава за пржење го динстаме со малку вода.
Истата постапка ја повторувам уште еднаш со тоа што водата која ќе ја испушти спанаќот ја процедуваме. Во тавата со спанаќ сецкам младо кромитче (може и праз) се заедно пропржувам со малку масло. Целата смеса ја пржам околу пет минути тргам на страна и го додавам дробеното сирење и јајцата.
Смесата за филување е готова.
2. Брашното го просејувам на краевите ја додавам солта на средина правам дупка и во неа го ставам квасецот,маслото,шеќерот и замесувам со киселето млеко или јогурт кое предходно малку сме го загреале.
Оставам да стаса околу еден час...
3.Тестото го ставаме на набрашнета работна маса и со оклагија развлекуваме тесто со големина малку поголема од тавчето во која ќе ја печеме(одговара тавче со бр.26).Пред да го ставиме тестото во тавчето намрсето со силиконска четкичка.
Во внатрешноста на тестото нанесете го филот и убаво распоредете,краевите преклопете ги на внатре така да ќе го затворите филот во внатрешноста и ќе остане само мал отвор на средина.
Питата премачкајте ја со изматена жолчка со малку масло и ставете сусам или лен.
Вклучете ја рерната да се загрева таман питата да подстаса малку,печете на 200степени половина час или додека не добие убава златна боја.
Забелешка.
Оваа пита има можност како и многу други да се прави со различни филови.
Тестото е меко како душа,може едноставно да се работи може да се каже дека оваа пита е за почетнички млади мајки да спремат нешто едноставно со тесто.
Откако ќе ја извадиме од рерна покрите ја со крпа и оставете да се излади.Јас ја вадам од тавчето да не ми се навлажни долната кора и ја ставам на хартија.
Добар апетит со чаша јогурт!!!