Дукати од морков
Состојки
- 400гр моркови
- 1 јајце
- 1 лажица гриз
- 2 лажици брашно
- 1-2 лажици презла
- 1 лажица пармезан
- 1 главица сецкан кромид
- сол, бибер, зачин по вкус, масло
Подготовка
Едноставни за припрема, а краен ефект одличен и за око и за непце.
Прво морковите се чистат и се ставаат во касерола, се налеваат со вода во која има малку сол и се варат на тивко да омекнат.
Се процедуваат (водата може да се искористи за подготовка на домашна чорба)и се пасираат со вилушка.
Се ставаат во ситна цедалка да одстојат 10 минути.
Потоа се ставаат во сад, се додаваат зачините, кромидот, јајцето, пармезанот, гриз, брашно и лебни трошки по потреба, за да се добие смеса од која ќе може лесно со влажни раце да се формираат дукатите.
Се редат на чинија и се пржат на многу малку масло во загреана тава од двете страни по 2 минути, благо да заруменат.
Сервирајте со кисела павлака, сирење, кајмак........