Испечати

Брз колач со афион

Брз колач со афион

Состојки

  • 2 јајца
  • чаша = 250 мл.
  • 1,5 - 2 чаши шеќер
  • 1 чаша масло
  • 2 чаши млеко
  • 3 чаши брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • за шарење
  • 100 гр. афион
  • 50 гр. чоколадо (изрендано)
  • шеќер во прав за посипување

Подготовка

Овој колач е едноставен и брз за подготовка, доста вкусен а и количински го има.

- Се матат јајцата и шеќерот така што зависно дали сакате поблаго или не,
ставате 1,5 до 2 чаши.
- Потоа се додаваат сувите состојки, па течните состојки освен афионот и чоколадото.
- Смесата се тура во намастена и набрашнета тава бр. 32, но се остава дел од тестото за шарење. Се става малку во загреана рерна на 200 степени да фати коричка.
- Во остатокот од тестото се става афионот и изренданото чоколадо, се меша да се изедначи и се истура со шарење.
- Се печи на 190 степени 35 - 40 минути зависно од рерната.
- Изладен, колачот се сече на коцки и се посипува со шеќер во прав.